Најмоќната модна уредничка на светот им се заблагодари на сите здравствени работници кои, како и нејзиниот син, се борат со пандемијата на коронавирусот
Коронавирусот се чини го погоди семејството на најмоќната уредничка Ана Винтур од Vogue, таа откри дека нејзиниот син Чарлс Шафер (35) е многу болен во моментов и дека е инфициран со вирусот Ковид-19, вели дека тој се наоѓа во самоизолација, одвоен од сопругата и децата.
-Најкритичната помош се случува на линијата на фронтот. Мојот син е доктор. Тој во моментов е доста болен и е во карантин дома, подалеку од неговата сопруга и двете мали ќерки. Но, кога ќе биде во можност, тој ќе се врати да работи на Одделот за интензивна нега во неговата болница – изјави Винтур во видео за A Common Thread, иницијатива за прибирање финансиски средства за модната индустрија.
-Многу сум горда на Чарлс и толку многу сум благодарна на сите здравствени работници, на оние кои први реагираат, на медицинските сестри и докторите, кои се борат да го намалат ширењето на вирусот и да спасат животи – изјави Винтур.
Таа претходно зборуваше за анкциозноста и тагата што сите ја чувствуваме за време на пандемијата со коронавирусот.
-Маски за лице, социјално дистанцирање, недели поминати дома – нашите животи се променија целосно. Помислувам на оние мали, убави задоволства што донеодамна ги земавме здраво за готово – посета на театри, вечери со пријатели, одење во канцеларија – целиот тој луксуз сега ми се чини нереален и невозможен – смета Ана.
Ана е во самоизолација на својот имот на Лонг Ајланд.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари