Познат актер, Оскаровец, талентиран за музика и сликарство, Ентони Хопкинс иако има 82 години, неуморен е и има безброј хобијa, најново е што го истражува светот на убавината и лансира парфем и линија на миризливи свеќи и дифузери.
Не ништо ново кога познатите актерки, пејачки, богаташки лансираат свои линии на парфеми, но дали очекувавте и овој талентиран актер да влезе во парфемскиот бизнис?!
Тој г креира AH Eau de Parfum, родово неутрален парфем, инспириран од мирисите што го потсетуваат на градината од детството во родниот Велс, и е развиен во партнерство со хуманитарната организација No Kid Hungry. Хопкинс ја поддржува кампањата на оваа организација за намалување на градта кај децата, вели дека во време на пандемијата на коронавирус едно од пет деца е гладно. Додава дека со купување на само еден парфем може да се обезбедат 50 оброци храна.
„Аромите се форма на медитација, тие едноставно ја менуваат мојата психологија“, изјави Ентони за Vogue. „Без оглед дали свирам или сликам во моето студио, мирисот создава расположение на мир и предизвикува чудно чувство на благодарност“.
Опишан како „безвременски елегантен мирис за мажи и жени“ на веб-страницата на Хопкинс, актерот потпишува мирис кој е мешавина од бергамот, мошус и цвет од портокал и ветува дека ќе ја „разбуди душата и ќе го ослободи скриеното срце“.
„Кога бев дете, имавме портокалово дрво во градината на тетка ми“, објасни Хопкинс. „Тие имаа големо влијание врз мене и јас го сакам мирисот на нив“.
На амбалажата на парфемот, како и на паковките за свеќите и дифузерите, се отпечатени оригинални уметнички дела на актерот.
Хопкинс е активен на социјалните мрежи Инстаграм и ТикТок, постојано објавува како свири клавир, слика во своето ателје или философира, но и смешни видеа со духовити досетки или видеа како танцува.
И да, Ентони откри дека има ушет една пасија – има импресивна колекција на хавајски кошули, кои тој ги купува од продавницата на Хаваи.
И да не заборавиме дека уште снима филови, во декември ќе ја промовира драмата Elyse Еве и неколку интересни објави на Хопкинс во кои свири, откачува, слика, танцува со својата мачка Нибло…
View this post on Instagram
In between talking to inanimate objects, I do find my center playing the piano… Wishing everyone a peaceful Sunday. A post shared by Anthony Hopkins (@anthonyhopkins) on
View this post on Instagram
174 days… and maybe not so sane A post shared by Anthony Hopkins (@anthonyhopkins) on
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари