Откако во 2009 година фотографиите снимени со „ајфон“ му биле уништени од светлата на мотоцикли, Саиф Сидики дошол на идеја да ја искористи оваа рефлексија за нешто корисно. По долги истражувања и испитувања создал материјал кој ја одбива светлината и ја заслепува камерата од својот блиц до тој степен што сè на фотографијата излегува црно. Од овој материјл е направена т.н. The Ishu анти-папараци марама, која е доста популарна меѓу познатите личности.Со нејзе ѕвездите ќе се сокријат од будниот објектив на папараците во периоди кога не сакаат да бидат фотографирани. Досега во Ishu-марамата се појавила Парис Хилтон, Камерон Дијаз, Џо Цонас, раперот DMX и други кои, како што може да се види на фотографијата се затепнете благодарение на овој интересен изум. Марамата беше забележана првпат на Модната недела во Лондон, минатата година, а сега веќе е често околувратот на ѕвездите. Дека таа е наменета за богати и славни личности, на што алудира и високата цена- најевтиното парче е 268 долари.
Нема коментари