Откако се појави информацијата за соработка помеѓу Карин Ројтфелд и Uniqlo, со нетрпение се чека нејзината колекција за овој јапонски бренд. Иако ќе биде лансирана дури во октомври оваа година, брендот објави една фотографија од рекламната кампања во која заштитно лице е српската манекенка Антонина Петковиќ, од што може да се насети естетиката на колекцијата. Уредничката и сопственичка на CR Fashion Book и глобална модна директорка на Harper’s Bazaar важи за една од најкреативните жени во модната индустрија која што од прва рака ги следи промените во модата, а вели дека се радува што може да се изрази и преку дизајнирање. Таа подготвува колекција од 40 парчиња, преку кои жените ќе може да се облечат и почуствуваат сензуално. Фотографијата од кампањата со Антонина ја направи Мајкл Аведон.
Нема коментари