Модниот бренд специјализиран за венчаници Pronovias ги здружи силите со познатата манекенка со облини Ешли Греам на заедничката колекција Ashley Graham x Pronovias, инклузивна колекција на венчални фустани наменета за жени со различни големини и за сите типови на женска градба. Колекцијата содржи модерни венчаници и во големи конфекциски броеви, а целта е секоја жена да се чувствува убаво и среќно на денот на својата свадба.
-Жените треба да се чувствуваат сигурно и самоуверено низ целиот процес – од пробувањето и купувањето на идеална венчаница до денот на венчавката. Кога јас пред десет години отидов да купам венчаница, беше многу тешко да најдам стилски фустан во мојот број и кој ќе ме направи да се чувствувам посебно. Потребно е невестинскиот сектор да ја брани инклузивноста и разновидноста на телото, и затоа ми е чест што соработувам со Pronovias и што заедно ќе понудиме прекрасни луксузни опции во различни големини и стилови – вели Ешли која за својата свадба се соочила со проблемот да најде венчаница во нејзиниот поголем конфекциски број.
Од брендот Pronovias се среќни на соработката со Ешли и потенцираат колку им се допаѓа нејзината одбрана на body positive ставот. Задоволни се што нудат избор на венчанци за сите жени, а не само за оние со вита манекенска градба, бидејќи веруваат дека сите жени треба да можат да го најдат фустанот на своите соништа без оглед на нивната големина.
Колекцијата содржи 16 стилови на венчални фустани кои совршено ја отелотворуваат Ешли Греам како модерна жена која е самоуверена и горда на својата убавина. Цените се движат од 1.000 до 3.500 евра.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари