Манекенката Ешли Греам повторно е заштитно лице на италијанскиот бренд Marina Rinaldi, кој специјализира мода за жени со облини и со поголеми конфекциски броеви. Таа во кампањата за есен-зима 2017/18 позира во неколку комбинации во темни нијанси, кои покрај тоа што се елегантни, ја нагласуваат сексапилноста на најпознатата plus size манекенка. Брендот за претстојната сезона предлага каупути и сакоа, коѓени здолништа и деловни панталони, но и проѕирни блузи и фустани.
Луксузниот бренд Marina Rinaldi е дел од групацијата Max Mara, а го носи името прабабата на основачот на групацијата Аџил Марамоти. Се смета за една од првите големи модни етикети кои се посветени на потребите на жените со облини.
Нема коментари