Додека трае еуфоријата околу новата епизода од научно-фантастичниот серијал, „Војна на ѕвездите: Последниот џедај“, се појавуваат повеќе соработки со модни куќи кои креираат мода инспирирана од филмовите. На вселенско патување до галаксијата на Star Wars трна и Asos, и претстави колекција со мотиви од филмот. Моделите изгледаат доста модерно и шик, а не како вообичаена мерчендајз-роба каква што можат да заличат сличните сработки. Се состои од вечерни фустани прикладни за журки и со Star Wars референци и апстрактни шари инспирирани од мотиви од филмот. Покрај вечерните фустани, Asos нуди и доплнитена линија со маици, хеланки, дуксери и други streetwear парчиња.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари