• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

„Џејн“ е модна приказна за слободниот дух на АТАМИ и Gaya

Од Ана Несторовска · На април 14, 2014

Милена Атанасова, дизајнерка и модел на колекција Фото: HLVK by Goran V. Popovski

Облеката оживува кога е носена. Така, ставена во контекст на визуелната порака на индивидуалецот се менува и станува личен израз. Целта  на АТАМИ и Gaya е да создаваат нослива, безвременска облека која дозволува игра и бесконечно многу комбинации и за разни пригоди…. Со овие зборови младта дизајнерка Милена Атанасова ја почнува приказната за новата колекција „Џејн?!.. ?“, која ја создаде под својот бренд АТАМИ, во соработка со своата колешка Милјана Атанасова (Gaya).
-Џејн е хедонист и има слободарски дух. Љубопитна е и смела и не се става себе си во шаблон. Таа е црно и бело и сè помеѓу! Диво и кротко, брзо и спокојно… Таа е посебна приказна… Тоа се жените кои нè инспирираат и за кои работиме. До називот на линијата дојдовме благодарение на  нашиот пријател Јован. На целиот муабет за колекцијата рече: Џејн?!… Така и стигнавме до НЗС за нашата инспирација, клиент и фотосесија-вели Милена.
При создавањето на моделите никогаш не се водат по моменталните трендови, бидејќи тие  имаат многу кратко времетраење, за разлика од светските модни тенденции кои пред сè ги чувствуваат.
-Сè околу нас, на светско ниво, всушност и ги обликува тенденциите. За колекцијата тргнавме од женствено, чисто, игриво, контрасти кои се и суштината на нашата соработка воопшто. Користевме природни материјали, памук, лен, кепер, убави женствени кроеви кои даваат комфор и суптилен сексапил. Игравме со бои, јаки и заситени, неон и принтани материјали. Веруваме дека направивме парчиња облека кои може да се вклопат во гардероберот на секој индивидуалец-вели таа.

Милјана Атанасова, која стои зад брендот Gaya Фото: HLVK by Goran V. Popovski

За „Џејн?!.. ?“ направија фотосесија, благодарејќи на многу нивни пријатели кои им излегле во пресрет во вистинско време.
-Фотограф беше младото момче со голем потенцијал Горан Поповски, кој фотографира под името HLVK by Goran V. Popovski, а зад шминката стои Јелкица Поповска. Заради икс причини, повторно се ангажиравме себеси за модели. JОваа мини колекција е лимитирана едиција и секое парче се појавува еднаш до два пати. Достапни сме на нашите е_меилови, fun страните на социјалната мрежа Facebook, во подготовка се блоговите на Google, нашата виртуелна продавница на Etsy.com и во најава е нашето студио…Би в и најавиле супер дводневна дружба во МКЦ, на почеток на мај-додава таа.

Покрај истото презиме, Милена и Милјана ги врзуваат професионалната соработката и пријателството Фото: HLVK by Goran V. Popovski

ATAMI и Gaya ги врзуваат љубовта и спротивностите. Микс од остро и меко, контрасти, спој на спротивности. Прво заедничко им е презимето, а потоа и сличните имиња, природата, љубовта кон уметноста, модата и убавото воопшто.
-Убаво е што научивме нашето долгогодишно пријателство да го држиме на страна од нашиот професионален однос, работата бара дискусија и некогаш нашите спротивности не доведуваат до конфронтација, што во нашиот случај е конструктивно, на крајот секогаш доаѓаме до заедничка средина. Нашата најзначајна заедничка работа е всушност ова, нашиот заеднички проект ATAMIGaya, кој се надеваме ќе донесе уште многу колекции. Секоја нова приказна, за нас е нов предизвик. За следната колекција ќе ви најавиме дека ќе е ЕКО. Ќе играме со многу интересни техники на бојадисување  на материјал кој не е хемиски доработен и сето ова дополнето со рачно сликање, везови и принтови.
ATAMI напоредно работи и со Em Ellephantski на разноразни мали спатки задоволства и аксесоари кон домот.

Фото: HLVK by Goran V. Popovski

Фото: HLVK by Goran V. Popovski

Фото: HLVK by Goran V. Popovski

Фото: HLVK by Goran V. Popovski

Фото: HLVK by Goran V. Popovski

Фото: HLVK by Goran V. Popovski

Фото: HLVK by Goran V. Popovski

Фото: HLVK by Goran V. Popovski

Фото: HLVK by Goran V. Popovski

Фото: HLVK by Goran V. Popovski

Фото: HLVK by Goran V. Popovski

Фото: HLVK by Goran V. Popovski

Фото: HLVK by Goran V. Popovski

ATAMI & GayaEm EllephantskiGayaHLVK by Goran V. PopovskiЈелкица ПоповскаЏејнГоран ПоповскиколекцијаМилјана АтанасоваМилена АтанасоваМКЦпролет-лето 2014„Атами“
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 моден монитор

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

  • fwsk моден монитор

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

  • 1 Zhou Jin, jewelry by Chen Zijue 6 моден монитор

    Првиот ден на Моден викенд во знакот на кинеската мода и 3D и AI изложба

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics