• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

AVON ја слави женската убавина со потпис на Антонија Ристовска, Росица Мршиќ и Васка Леонтиќ

Од stylist @StylistMKD · На мај 16, 2014

Убава жена е негувана жена. Таа што внимава на својот здрав и естетстски изглед и што се информира за новостите во модата и козмеиката. Модерна жена е таа што знае како да се грижи за себе, за своето тело, кожа коса…но и кого да праша за совет во врска со својот изглед… Ова се дефнициите што денеска на средбата со новинарите на највисокиот кат на скопскиот хотел Stone Bridge  ги кажаа трите модни соработнички/советнички  на команијата AVON, дизајнерките Антонија Ристовска и Росица Мршиќ и познатата стилистка Васка Леонтиќ . Домаќинка на настанот беше манекенката и водителка, Марјана Станојковска. На крајот од средбата на три гостинки, по случаен избор, им беа доделени награди од модните советнички на AVON.

Антонија Ристовска, Росица Мршиќ и Васка Леонтиќ

Негуваната жена, што секојдневно ја слави естетиката и има почит за префинетите форми на убавината, беше главната инспирација за настанот „Убавина со потпис“. Ристовска, Мршиќ и Леонтиќ  зборуваа за сите страни на убавината, и тоа онаа оригиналната, префинета, негувана и автентична. Секоја од нив ги пренесе искустватаод соработката со AVON. Концептот „Убавина со потпис“ е одраз на долгогодишната практика на AVON  во светски рамки, а од неодамна тоа е и главниот фокус во работењето на AVON Македонија. Концептот се темели на соработката на AVON со врвни имиња кои работат во доменот на убавината и модата, кои својот авторитет и долгогодишно искуство го преточуваат како лична препорака за потрошувачите на AVON.

Марјана Станојковска беше водителка на настанот во Stone Bridge

Почнувајќи од крајот на изминатата година и успешните македонски дами застанаа со својот потпис зад палетата на AVON, станувајќи модни советници на оваа компанија.
-Преку професионалните препораки за широкото портфолио производи на AVON, сакавме креативноста и експертизата на веќе докажани авторитети да ја доближиме до големиот број крајни корисници на производите и на нашиот пазар. На овој начин се стремиме да ја следиме глобалната стратегија на компанијата и да одговориме на барањата на нашите клиенти- вели Бисера Банова, специјалист за односи за јавност во „AVON  Македонија“.

Антонија Ристовска најави нова соработка со AVON

Првата ваква соработка беше со познатата модна дизајнерка Антонија Ристовска,  која од октомври 2013 година ексклузивно се појавува како „моден советник за убавина“ во брошурите на оваа козметичка компанија. “. Ова  партнерството доведе до развивање на соработката на едно многу подлабоко ниво и создавање на цела една колекција наречена „Инстинкт“, инспирирана токму од етеричната убавина на истоимениот парфем на AVON. Со оваа модна линија која Ристовска ја претстави на Модниот викенд-Скопје есен-зима 2013 година, таа ја нагласува женственоста и страста која доаѓа однатре, во оној добро познат стил на умерената елеганција и ја изразува својата инспирација преку спојот на внатрешната и надворешната убавина на жената и преку формата и суштината на парфемот.

Росица Мршиќ и AVON имаа заедничко претставување на неодамнешното издание на Модниот викенд-Скопје

Следното вакво партнерство започна на почетокот на 2014 година, кога компанијата  потпиша договор и со популарната модна дизајнерка Росица Мршиќ, сакајќи своето портфолио модни додатоци да го доближи и до помладата генерација потрошувачи. Следејќи го успешниот пример од последната соработка, компанијата „AVON  Македонија“ и модната дизајнерка имаа заедничко претставување на неодамнешното издание на Модниот викенд-Скопје со последната колекција пролет – лето 2014, која Росица Мршиќ ја посвети на конструктивизмот и авангардниот правец во архитектурата, а потоа ја обои со инспирацијата што ѝ ја донесоа возбудливите пролетни палети на бои и контрасти на колекцијата AVON Color.

AVON и Васка Леонтиќ ќе продолжат новите козметички производи да ги прават сè подостапни за јавноста и љубителите на убавината и негата

Од април годинава, со цел да обезбеди врвна услуга и за потрошувачите на декоративната козметика на AVON, компанијата почна да ги користи професионалните совети на докажаниот македонски стилист Васка Леонтиќ. Таа во моментов е актуелниот советник за убавина за линиите шминка AVON Color и Luxe, а според зборовите на Леонтиќ, таа и компанијата AVON и во иднина ќе продолжат многуте новитети да ги прават сè подостапни за јавноста и љубителите на убавината и негата. Под потписот „професионален стилист и експерт за шминка на AVON“, препораките на Леонтиќ на полето на иновацијата и страста за убавото, може да се најдат на страниците на брошурите на „AVON  Македонија“.

На настанпот беше најавен новиот парфем на AVON, Instinct forbidden

Компанијата AVON на глобално ниво има склучено бројни соработки од ваков тип со светски дизајнерски имиња како што се Кристијан Лакроа, Емануел Унгаро, Синтија Рајли, а низ страниците на брошурите се најдоа и многу ѕвезди како заштитни лица на дел од мирисите на AVON, меѓу кои Салма Хаек, Мила Јовович, Оливија Вајлд, Рис Витерспун, Ферги, Меган Фокс и други. Последен, актуелен глобален амбасадор за убавина е атрактивниот модел Ирина Шајк, која е заштитно лице на линијата шминка AVON Color.

Три среќнички меѓу присутните гости по случаен избор добија подароци од дизајнерките и од стилиската

 

AVON, како компанија за жените, отсекогаш била клучно име во светот на убавината. Со преку 11 милијарди долари годишен приход, таа е една од најголемите светски компании во директна продажба, која работи во преку 100 земји, со преку 6.4 милиони активни независни претставници.  Компанијата нуди иновативни технологии во областа на козметиката и се гордее со најмногу жени на менаџерски позиции, споредбено со другите јавно-трговски компании. Во Македонија е присутна од 2005 година и за овие 9 години се докажа како бренд кој е синоним за квалитет и успех. Продуктните линии на AVON вклучуваат производи од декоративната козметика, производи за нега на кожа и лице, мириси, модни додатоци и производи за домот, меѓу кои се веќе етаблираните брандови на AVON Color, Anew, Skin-So-Soft, Solutions, Advance Techniques, AVON Naturals, Luxe  и друго.

Дана Стојкова од AVON Македонија им заблагодари на медиумите за информирањето на граѓаните за новостите во модате и негате и поткревање на свеста

 

Ристовска, Мршиќ и Леонтиќ со Роза Плазибат од AVON

 

AVONAVON Color и LuxeAVON МакедонијаАвонАнтонија РистовскаБисера БановаВаска ЛеонтиќДана СтојковаИнстинктМарјана СтанојковскаМоден викенд-СкопјеРоза ПлазибатРосица Мршиќ
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • gucci (2) моден монитор

    [ВИДЕО] Првата колекција на Сабато де Сарно како нов дизајнер на Gucci

  • FWSK FW23-03-2 моден монитор

    Модната еволуција на Скопје – спојување на стилот и одржливоста на 27. издание на Моден викенд Скопје

  • 01 моден монитор

    Ново издание на Скопски моден фестивал од 28 до 30 септември

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • tatjana janusheva (6)

    Татјана Јанушева на насловната страница на Elle

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • ikiverse

    IKIVERSE на Искра Џокиќ Кецап – прва дигитална модна ревија на Моден викенд

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • Foto 4_Glaven vlez

    Се бројат деновите до големото отворање на Diamond Mall – новото уникатно доживување во строгиот центар на Скопје

    септември 23, 2023
  • gucci (2)

    [ВИДЕО] Првата колекција на Сабато де Сарно како нов дизајнер на Gucci

    септември 23, 2023
  • FWSK FW23-03-2

    Модната еволуција на Скопје – спојување на стилот и одржливоста на 27. издание на Моден викенд Скопје

    септември 21, 2023
  • Doxiadis_Pokana_Otvoranje

    Отворање на архитектонската изложба „Иднината како проект | Доксијадис во Скопје“ денеска во МСУ

    септември 21, 2023
  • 0

    Изберете деловна облека според обликот на телото

    септември 20, 2023

Убавина

  • 1

    Маникир во есенски бои

    септември 8, 2023
  • 185531043_1452659838405942_2192688347615870831_n

    Збогум на флеките и трагите од акни

    август 24, 2023
  • latte-make-up

    Latte Make Up – летен тренд на шминка во природни и бронзени тонови

    август 9, 2023
  • Sun Allergy

    Како да се заштитите од алергии предизвикани од сонце?

    јули 10, 2023
  • eucerin (1)

    Користете заштита од сончевите зраци прилагодена на потребите на вашата кожа

    јуни 9, 2023

Живот

  • Foto 4_Glaven vlez

    Се бројат деновите до големото отворање на Diamond Mall – новото уникатно доживување во строгиот центар на Скопје

    септември 23, 2023
  • 1 - Последна шанса за пријавување на Виз Ер Скопски маратон 2023

    Последна шанса за пријавување на Виз Ер Скопски маратон 2023

    септември 20, 2023
  • petfest1600px

    Во недела ќе се одржи „Пет Фест Скопје“ – фестивал за миленици

    септември 15, 2023
  • DSC_8636

    Skopje Tattoo Show 2023: Македонците покажаа колку ја сакаат тату уметноста

    август 30, 2023
  • Skopje Tattoo Show

    Skopje Tattoo Show 2023: Славење на уметноста, културата и самоизразувањето преку мастило

    август 9, 2023

Култура

  • Doxiadis_Pokana_Otvoranje

    Отворање на архитектонската изложба „Иднината како проект | Доксијадис во Скопје“ денеска во МСУ

    септември 21, 2023
  • HousekeepingForBeginners_1

    „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски е македонски кандидат за Оскар за долгометражен интернационален филм

    септември 13, 2023
  • Горчлив шеќер

    Во МСУ – Скопје се отвора изложбата „Горчлив шеќер“, мултимедијален проект на Ѓорѓе Јовановиќ

    септември 13, 2023
  • shatakua

    Мултимедијален настан на уметничката група „Шатакуа“ во Музеј на град Скопје

    септември 7, 2023
  • ??????????????????????????

    Светска премиера на филмот „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски на филмскиот фестивал во Венеција

    јули 26, 2023

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics