Откако e назначен за нов креативен директор на британската модна куќа „Барбери“ светот на модата со нетрпение ги чека новите колекции на Рикардо Тиши кои се очекува да одбележат нова ера на стариот бренд.
Неодамна на својот Инстаграм профил Тиши објави неколку фотографии кои ни ги прикажуваат парчињата што наскоро ќе можеме да ги видиме во претпролетната 2019 колекција. Именувана B Clаssic во фокусот на колекцијата се панталони, јакни и мантили кои се верни на препознатливата силуета и кариран принт на „Барбери“. Фотографирани се двојки со скриени лица, а во преден план се палта, класични мантили, штеповани јакни, карирани модели, со што се оддава почит на наследството на „Барбери“.
B Classic | The kilt #bclassic @burberry A post shared by Riccardo Tisci (@riccardotisci17) on
-Сакав да ја прославам убавината, историјата и наследството што ги открив кога дојдов во „Барбери“. B Classic е линијата со која што сакав им оддадам почит на иконите на куќата, како што се мантилот, штепованите јакни и килтот, кои се сржта на претпролетната колекција – вели Тиши.
B Classic | The car coat #bclassic @burberry A post shared by Riccardo Tisci (@riccardotisci17) on
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари