Дали имаш помеѓу 18 и 35 години и доаѓаш од некоја од земјите во регионот? Дали си уметник, дали се занимаваш со мода или модна фотографија? Или сакаш да ги фатиш моментите од зад сцената со нас? Имаш свежи идеи и сакаш сите да слушнат за тебе? Пријави се на конкурсот за учество на 11-тото издание на BAFE што ќе се одржи во средината на декември во Белград!
Организаторите на BAFE се во потрага по модни дизајнери, фотографи и волонтери. Заинтересираните треба да испратат свое CV и модни скици, како и фотографија на едно реализирано модно парче, кое ќе биде дел од колекцијата со која ќе се претстават на BAFE, во JPG или PDF формат (ова важи за модните дизајнери), фотографите треба да испратат свое портфолио, а волонтерите CV и мотивациско писмо.
Апликациите со назнака ”Za konkurs 2017_modni_dizajner” / _fotograf / _volonter, (зависно од тоа за што конкурирате), може да ги пратите на следнава адреса: bafeevent@gmail.com . Конкурсот е отворен до полноќ во сабота, 14 октомври.
„Идните членови на нашиот тим ќе имаат можност да ја изразат својата креативност и да го афирмираат својот бренд пред широко признат моден аудиториум. Тие ќе можат да стекнат богато искуство во продукцијата и организацјата на еден на моден настан“, истакнуваат од BAFE.
BAFE во десетте претходни изданија собра речиси сто млади уметници и ги прикажа нивните креации и талент во повеќе од сто индивидуални и групни ревии во Белград и во регионот.
Balkan Art Fashion Event е моден настан кој се одржува петта година по ред, беше замислен со идеја да ја промовира првенствено локалната, а потоа и регионалната модна сцена и да им даде шанса на младите, недоволно афирмирани дизајнери да го покажат својот талент пред стручната и пошироката публика. BAFE посебно внимание посветува на помагање на развојот на оние автори кои модата и облеката не ја сфаќаат само како индустрија, туку и како еден вид на уметничко изразување, перформанс што се одвива подеднакво на модната писта и на улицата.
Осмиот BAFE ќе се одржи во декември оваа година во Белград. За повеќе информации, посетете ја страницата на Фејсбук.
Нема коментари