Париската модна недела деновиве имаше неколку необични гости, на пистата на модната куќа Баленсијага продефилираа Хомер и Марџ Симпсон и другите ликови од анимираната ситком серија „Симпсонови“. Ова е уште еден пример како поп културата е ставена во служба на модата, а во десетминутната епизода на „Симпсонови“ гледаме како ликовите доаѓаат во Париз на покана на креативниот директор на Балеснијага, Демна Гвасалија, и како се појавуваат на ревија на брендот и тоа пред погледот на уредничката на Vogue Ана Винтур.
Нема коментари