Манекенки кои бегаат од објективот на нахални папараци фотографи, како да се светски ѕвезди кои се заштитуваат од несакани фотографирања и се шетаат со телохранители, е манирот во кој е снимена кампањата на модната куќа „Баленсијага“ за пролет-лето 2018. Таа не само штое направена во папараци-стил, туку во нејзиното реализирање учествуваа вистински папараци фотографи од париската агенција Best Image.
Стела Тенант, Алек Век, Дипти Шарма, Кена Лау бегаат од папараци додека ги носат пролетните креации на „Баленсијага“ дизајнирани до Демна Гвасалија (карирани модели, чорапа-чизми, чанти со навезено лого), а стајлингот е на долгодишната соработничка на креаторот, Лота Волкова. Слична мимикрија на папараци во модна кампања направи Канје Вест, кој за да ја промовира својата нова Yeezy колекција, направи папараци фотографии со Ким Кардашијан и потоа ги дистрибуираше на фотосервисот Splash. Она што сите мислеа дека се вообичаени папараци фотографии со Ким, всушност се промотивна кампања на новата колекција на Канје. Овој папараци-формат го употреби и Гвасалија, а фотосесијата веќе е објавена на Инстаграм.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари