Модната куќа „Баленсијага“ реагира на еколошката катастрофа предизвикана од пожарите во Австралија со мини колекција со хуманитарен карактер која што се состои од маици и блузони со принт на коала. Како резултат на долготрајните и огромни пожари во Австралија, наравени се големи штети на секое поле, меѓудругото страдаат коалите и се претпоставува дека настрадала 30% од популацијата на ова животно што живее само на овој континент.
„Баленсијага“ се фокусира на помошта токму за колаите и 100% од продажбата на маиците и блузоните ќе бидат донирани на организации кои се занимаваат со заштита на овие животни. Маиците и блузоните се продаваат по цена од 350 и 595 евра, можеби звучи многу, но целта е да се соберат што е можно повеќе парични средства за спас на коалите.
Нема коментари