Белиот костум што Александар Меквин го дизајнира за пролетната couture линија на францускиот бренд Givenchy во 1997 доби своја реприза вчера, на ревијата на Balmain на Модната недела во Париз. Сличноста меѓу моделот од пред 17 години, и тој за пролет-лето 2015 ја улови сајтот VFiles, што брзо се прошири во модниот свет. Доволно е да се погледнат фотографиите со двата женскиот костум со машки крој и да се заклучи дека станува за идентичен модел. Двата имаат со долго тесно пално, со впечатливи отвори во страничниот дел, комбинирани со бели широки панталони . Дали станува збор за инспирација или плагијат, сè уште нема објаснување од модната куќа.
Нема коментари