Креативниот директор на модната куќа „Балман“, Оливие Рустенг најави соработка со спортскиот бренд Nike. Според првите фотографии што Ник Најт ги направи за Dazed, колекцијата е токму во „Балман“ стилот – во црна боја со златни акценти, впечатлива и во гламурозно расположение. Рустенг колекцијата ја посвети на фудбалот, а на фотографиите освен што самиот се појавува, позира и покрај славниот фудбалер Кристијано Роналдо. Дизајнерот со колекцијата предлага нова верзија на луксузен спортски стил, и креира машки и женски модели на тренерки, шорцеви, спортски маици и патики креирани на основа на моделите Nike Mercurial, Magista, Hypervenom и Tiempo.
Нема коментари