Супермоделката Бар Рефаели вчера беше приведена во полиција во родниот Израел под сомнение за затајување данок. Манекенката е обвинета дека не пријавија милиони долари заработени во странство, како и илјадници долари добиени под ставката „бенефиции за славните“, вклучувајќи бесплатна употреба на Range Rover и Lexus автомобили, кои се набавени во замена за јавно промовирање. Полицијата, исто така, тврди дека таа се обидела да го сокрие фактот дека е израелски жител и дека живее во имоти кои се регистрирани на име на нејзината мајка или нејзиниот брат. Имено, Израелците кои не живеат во Израел ослободени се од пријавување приход заработен во странство. Заедно со манекенката приведена е и нејзината мајка Ципи, а Бар која ги негира обвиненијата, пуштена е на слобода по платената кауција од околу 200.000 долари. Познатата манекенка и понатаму е под истрага од страна на полицијата и канцеларијата за даночни власти во Тел Авив. Ситуацијата се појави само три месеци по свадбата на Бар со израелскиот милионер Ади Езра. Манекенката има успешна светска кариера, а е позната и по повеќегодишната љубовна врска со Леонардо ди Каприо.
Нема коментари