Со децении Барби куклата беше „пример“ за убава русокоса со нестварни и нималку човечки пропорции, симбол за недостижна убавина која лошо делува врз милиони млади девојчиња. Но компанијата производител на Барбиката, Mattel, во последните години воведе промени во својот концепт, а во пресрет на 8 март ја лансира серијата на кукли наречена „Инспиративни жени“. Овие кукли се со ликовите на жените кои оставиле значаен и позитивен печат – сликарката Фрида Кало, пилотот-жена Емилија Екхарт, режисерките Пети Џексон и Ава Дувернеј, математичарката Кетрин Џонсон, балерината Мисти Коупланд, познати спортистки, актерки, бизнисменки, и други инспиративни жени кои треба да бидат нашите вистински идоли.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари