Македонскиот моден проект Bastet Noir, кој истовремено функционира и како првата онлајн-продавницата што ги поддржува балканските дизајнери кои практикуваат еколошки начин на производство, промовира нова капсулна колекција. Брендот, кој промовира екомода, ангажира неколку македонски и балкански креатори да создадат модели наменти за оваа сезона.
-Овој проект настана како плод на взаемна соработка меѓу повеќе балкански дизајнери. Идејата зад колекцијата е доближување на македонскиот фолклор до модерната жена преку создавање на современи парчиња облека со вткаени шари, превземени од овчеполската народна носија. Колекцијата брои осум парчиња, во кои доминираат белата, црната и златната боја-вели Даниела Милошеска, која е основачка на брендот и интернет продавницата Bastet Noir.
Креациите ќе се продаваат на интернет страницата bastetnoir.com, која деновиве доби нв изглед.
-Новиот сајт има почист дизајн и поголема прегледност. Покрај веќе постоечките имиња на дизајнери, оваа сезона вклучивме уште тројца нови, а тоа е Драган Христов („Лудус“), Гордана Жежова и Елена Ристовска-вели Милошеска. (А.Н.)
Повеќе за Даниела Милошеска и за приказната на Bastet Noir може да прочитате во нашето неодамнешно интервју, тука.
Нема коментари