Новата миленичка на модниот свет Бела Хадид е новото заштитно лице на францускиот бренд Zadig & Voltaire, а во кампањата за колекцијата за пролет-лето 2017 друштво ѝ прават нејзиниот брат Анвар, диџејката Clara 3000 и моделот Вера Ван Ерп. Со оваа кампања Zadig & Voltaire прославува 20-годишен јубилеј и присуство како еден од најкул модните брендови кои одлично внесуваат урбан авангарден стил во своите колекции.
Бела и другите модели во камањата позираат во шик комбинации со рокенрол референци позајмени од стилот на Дејвид Боуви, Иги Поп и Мик Џегер, додека мосат микс на мажествени и женствени изгледи, на волуменозни со тесно скроени форми, на животински принт со цветен дезен, на кашмир со светкави материјали, на трендовски со рокерски модни парчиња.
Нема коментари