Белата боја најчесто е резервирана за летната облека, но зимата не треба да биде причина да ја игнорираме. Во студените месеци некако инстинктивно се облекуваме во потемна облека, па гардеробата во светли и интензивни бои ја складираме во плакарите и не ја употребуваме сè до пролетните денови. Но, зошто да не носиме јаки бои и во зима, и конечно зошто да ја избегнуваме белата?! Веројатно треба да престанеме да ги гледаме боите низ призмата на модни сезони, нема зимски или летни бои, нели? Ако се согласуваме со ова, да погледнеме неколку сосема бели – зимски – комбинации! Ако не се гледате во комплетно бела комбинација, одберете едно бело парче, како монтка или капут, вметнете облека во црна или некоја друга боја, а можете изгледот да го зачините со модни додатоци во јаки бои.
Нема коментари