Како изгледа кога една манекенка работи од дома?! Снима рекламна кампања онлајн!
За време на вонредната состојба ширум светот и кога деновите ги минуваме во карантин, повеќе брендови бараат нови начини како да се промовираат. Прилагодувањето на „новото нормално“, значи дека нема да можат да се организираат фотосесии и на едно место да се соберат сите личности кои вообиаено учествуваат во снимањето модни фотографии (модели, стилисти, фотографи, шминкери…).
Алтернатива побара и францускиот дизајнер Симон Порт Жакемус кој за новата кампања ги ангажира манекенката Бела Хадид и фотографот Пјер-Анж Карлоти, но снимањето на кампањата беше направена преку мобилен телефон користејќи ја опцијата FaceTime.
Кампањата е наречена Jacquemus at home (Жакемус дома) и ги претставува креациите од колекцијата за пролет 2020.
Во сличен манир „Зара“ ги повика манекенките сами да се фоографираат за новите едиторијали на брендот. Од дома! За тоа читајте на следниов линк:
„Зара“ за време на карантин ги замоли манекенките дома сами да се фотографираат за новиот каталог
Нема коментари