Манекенката Бела Хадид (25) е на насловната страница на априлскиот број на Vogue, фотографирана од Итан Џејмс Грин и во креација на Margiela Artisanal. Таа позира во главната фотосесија, а во разговорот со списанието ја „отвори душата“ и зборува за повеќе интимни теми.
Бела за прв пат призна дека има направено пластична операција на носот. Претходно велеше дека трансформацијата е резулат на пубертетот, но сега откри дека на 14-годишна возраст има направено ринопластика. Но, вели дека тоа е единствениот естетски зафат.
-Луѓето мислат дека целосно сум го „зезнала“ лицето поради фотографија од времето кога бев тинејџерка на која изгледам отечено. Сигурна сум дека сега не изгледаме исто како кога имавме 13 години, нели? Никогаш не сум користела филери, ајде да га завршиме таа тема. Немам проблем со нив, но тоа едноставно не е за мене. Кој и да мисли дека сум направила лифтинг на очите или како и да се вика – тоа е само лента за лице! Најстариот трик на светот – изјави манекенката.
Но сега се кае за операцијата.
-Посакувам да го зачував носот на моите предци. Мислам дека би ја надминала таа несигурност – вели оваа американка со холандски и палестински корени.
Признава дека отсекогаш се чувствувала „грдо“ и „помалку кул“ во споредба со нејзината постара сестра, манекенката Џиџи Хадид (26). – Бев погрдата сестра. Бев бринета. Не бев толку кул како Џиџи, не бев толку отворена. Така зборуваа луѓето за мене. И за жал, кога некој ќе ви го повтори тоа толку пати, вие само верувате во тоа – откри Бела.
Исто така таа говори дека се борела со депресија, проблеми со исхраната, прифаќањето на своето тело, анкциозност…
- Секогаш се прашував како јас како девојка која е толку несигурна, вознемирена, страда од депресија, проблеми со изгледот на телото, проблеми со исхраната, која мрази да се допира, која има голема социјална вознемиреност – успеав да се впуштам во оваа работа? Но, со текот на годините станав добра актерка. Ставам насмевка на моето лице или сериозно лице. Секогаш имав чувство дека треба да докажам нешто. Луѓето можат да кажат што било за тоа како изгледам, како зборувам, како се однесувам. Но, за седум години никогаш не пропуштив да дојдам и да работам, никогаш не сум откажала работа или задоцнила. Никој никогаш не може да каже дека не се предавам 100 проценти на работата што ја работам – објаснува манекенката
Неа ѝ е драго што денес конечно зборува за менталното здравје и за малите конфекциски броеви на дизајнерската облека во која ни самите манекенки не влегуваат.
- Сега конечно се зборува за величините на облеката, но кога пред седум години ја почнав оваа кариера, не можев да влезам во креациите на Сен Лоран. И се сеќавам дека стилистот зборуваше за мојата тежина, бидејќи не можеше да ме закопча. Гледајќи наназад, мислам дека величините на моделите на Сен Лоран не беа правилни за никого. Но, тогаш мислите дека нешто не е во ред со вас и никој од вашата околина нема да ви каже – не, не, добро сте, не грижете се, големината е проблем, премногу е мала – вели Бела.
Таа пред неколку месеци на својот Инстаграм профил објави дека се соочува со ментални проблеми, дека три години додека работела секое утро се будела хистерично, во солзи и сама.
-Никому не ја покажував мојата состојба. Одев на работа, плачев во мојата мала зелена соба за време на ручекот, го завршував денот, одев во некој случаен мал хотел каде што ќе ја поминам ноќта плачејќи, а потоа повторно ќе се разбудам наутро и го правев истото. Долго време не знаев точно зошто плачам. Секогаш се чувствував среќна, а тоа уште повеќе ме уништуваше. Имаше луѓе на интернет кои велеа – го живееш овој неверојатен живот. Па, како можам да се пожалам? Секогаш мислев дека немам право да се жалам, што значеше дека немам право да барам помош, а тоа беше мојот прв проблем – се сеќава таа.
Проблемот на крајот станал толку сериозен што на две недели заминала на лекување. Сега првенствено се грижи за своето ментално задравје.
-Модата може или да ве издигне во ѕвездите или да ве скрши. Секој ден треба свесно да се трудите таа да не ве скрши.
Нема коментари