Манекенката Бела Хадид сработи уште една рекламна кампања, новата е за есенската колекција на дизајнерот на чевли Џузепе Заноти. Бела е фотографирана од страна на Марио Соренти во неколку модели на италијанскиот дизајнер – златни сандали со извртена платформа (Picard), розови чизмички со пердуви (Charleston), чизми инспирирани од корсет на врвки (Janice), сандали со брош од скапоцени камења (Sabine) и чизми над колена со кристални детали (Dazzling Dena).
-Мојата колекција за есен 2017 е прослава на индивидуалниот стил – нешто што е независно од времето, местата и трендовите. Кампањата е одраз на силната, сензуална гледна точка што ја ставам на секој модел на чевли. Модерна е, но сепак полна со емоции и душа – изјави Џузепе Заноти.
Нема коментари