Македонскиот моден бренд Bella ја претстави новата колекција за есен-зима 2019/20 преку извонредна фотосесија во која се појавува манекенката Софија Симоноска, фотографиите ги потпишува Марко Маркоски, шминката е на Зоран Шурбевски, а во концептот се вметнати цртежите на Нина Симовска. Во колекцијата има женски костими и палта, софистицирани фустани и парчиња во живописни бои, долги фустани и блузи со специфичен крој. Доминира црвената боја и тоновите карактеристични за есента.
-Стилот на секоја жена е посебен и специфичен. Тој е одраз на нејзиниот внатрешен свет во комбинација со богатиот карактер, слободата во изразувањето и префинетиот вкус. Исто како и рајската птица и рајскиот цвет, што ретко кого оставиле рамнодушен, така и исполнетата и среќна жена, со богата имагинација е неизбежно да се забележи. Есента е време за храбри потези, живописни бои и луди комбинации. Токму такви се и нашите модели оваа сезона. Заводливи, префинети и инспиративни, со кроеви кои ќе ве одделат од останатите и бои кои ги мамат погледите. Затоа подгответе се да оставите впечаток и појдете на авантура во уште една нова сезона со Bella. Ставете ги розовите очила, црвен кармин на усните и погледнете со оптимизам кон иднината – порачуваат од Bella.
Фотографии: Марко Маркоски
Модел: Софија Симоноска (Моделс Ин)
Шминка: Зоран Шурбевски
Цртежи: Нина Симовска
Накит: Tesoro
Чевли: Nine West
Нема коментари