Зграпчи го моментот на виралност и искористиги во хуманиарни цели
Фотографијатата на која Берни Сандерс седи на столче со скрстени раце и нозе за време на претседателската инаугурација во Вашингтон минатата недела, стана вирална интернет сензација и вметната во илјадници мемиња. Облечен во маслинеста парка-јакна и со големи плетени ракавици, овој американски сенатор (некогашен претседателски кандидат) и неовиот „мрзоволен шик“ стил станаа ултра популарно меме во целот свет и кај нас, а самиот Берни во интервју во шоуто Late Night Show на Сет Мејерс со насмевка му изјави: „Па, јас само седев таму, обидувајќи се да се загреам и да обрнам внимание на она што се случуваше околу мене“. Сенаторот Берни Сандерс одлучи да го зрапчи моментот на популарноста на фотографијата и одлучи своето меме да го стави на дуксер за да собере пари за добротворни цели. Имено, Берни и неговите соаботници во продажба пуштија дуксери со сега легендарната фотографија, а целиот приход е наменет за организацијата Meals on Wheels во неговата матична држава Вермонт и која осигурува бесплатни оброци за лица со хронични болести и инвалидитет. Црниот дуксер со ликот на Берни е ставена на сајтот на сенаторот по цена од 45 долари и веќе е распородаден. Истомислениците и почитувачите на Берни (а ги има многу), го пофалија овој потег и хуманитарниот аспект на продажбата.
Нема коментари