Обожавателите на Били Елиш ќе бидат воодушевени – модниот бренд „Бершка“ ја лансира новата колекција на облека и модни додатоци Billie Eilish x Bershka, која што е развиена во соработка со американската пејачка. Колекцијата содржи унисекс парчиња инспирирани од вибрантниот стил на Били, како предимензионирани дуксери, широки тренерки, XXL маици, како и торби и футроли за телефон на кои се отпечатени портретот и името на пејачката, како и насловот на нејзиниот суперпопуларен албум When We All Fall Asleep, Where Do We Go ?. Голем дел од модните парчиња се декорирани со апстрактни принтови и експресивни типографии во графити-стил. Главен мотив на колекцијата се предимензионираните кроеви, а од боите застапени се црна, бела, огнено портокалова и загасито зелена.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари