Еден од трендовите што прави најмногу врева во последните недели е оној кој асоцира на eстетиката на падобран. Со панталони и здолништа во карго-стил во ткаенина која потсетува на онаа од кои се прават падобрани и со преголем крој, овој нов тренд навлегува во уличниот стил и брендовите не се двоумат да лансираат нови дизајни секој ден. Модниот бренд Бершка одговара на овој тренд и претстави некои модели на падобран-панталони во металик бои. Иако на прв поглед изгледаат тешки за комбинирање, Бершка ни покажува идеи како да ги носиме – со бел скратен горен дел и предимензионален блејзер за да се постигне кул и модерен изглед.
Нема коментари