Во новата кампања на Tiffany & Co. наречена „За љубовта“ во која се појавува познатата музичка двојка Бијонсе и Џеј Зи, акцентот е ставен на историскиот 128.54-каратен тифани-дијамант и на уметничкото дело на Баскијат во тифани-сина боја која е препознатлива за познатата компанија за накит.
Бијонсе на фотографиите од кампањата го носи 128.54-каратниот жолт дијамант на „Тифани“, ископан во јужна Африка во 1877 година,. Претходно само три дами го носеле овој скапоцен камен - Мери Вајтхаус на Тифани балот во 1957 година, Одри Хепберн го прослави во филмот „Појадок кај Тифани“ (1961), и Лејди Гага на Оскарите во 2019 година. Во новата интерпретација Бијонсе носи ѓердан со овој жолт дијамант и фустан со гол грб во стилот на Одри Хепберн во култниот филм „Појадок кај Тифани“.
-Бијонсе и Џеј Зи се олицетворение на модерна љубовна приказна. Како бренд кој секогаш се залагаше за љубов, сила и самоизразување, не можевме да смислиме поиконски пар што подобро ги претставува вредностите на „Тифани“. Чест ни е што ги имаме како дел од семејството „Тифани“ – изјави извршниот потпретседател на Tiffany & Co. Александар Арно, за брачниот пар Картер.
Бијонсе со сопугот Џеј Зи позираат пред сликата Equals Pi (1982) на Жан-Мишел Баскијат, ретка слика досега невидена во јавност и за оваа кампања позајмена од приватна колекција.
Дополнително на 15 септември ќе биде објавено видео како дел од кампањата, во кое Бијонсе ќе ја изведе песната Moon River, од филмот „Појадок кај Тифани“.
Нема коментари