Бијонсе се појави на концерт во Њу Џерси во корсетирано боди, кратко палтенце со крој на мантил и високи чизми со препознатливото „Барбери“ каро, прва креација на дизајнерот Рикардо Тиски како нов креативен директор на британската модна куќа. Целиот комплет е специјално направен за Бијонсе, и е прва претстава додека ја очекуваме деби колекцијата на Тиски за „Барбери“. Дизајнерот најавува драстична промена во брендот, а почна со откривање на новото лого на кое работеше славниот Питер Савил и на нов монограм посветен на Томас Барбери.
Нема коментари