Популарната 19-годишна пејачка Били Ајлиш препознатливата црна коса со флуоресцентно зелен израсток ја смени комплетно, стилската промена ја објави на Инстаграм, но веројатно не сметаше дека нејзината транформација ќе предизвика толку голем интерес. Ајлиш во средата ја пушти фотографијата на Инстаграм и го скруши рекордот на оваа платформа – собра еден милион лајкови во рок од само шест секунди. До овој момент има преку 20 милиони лајка, со што оваа фотографија е една од десетте најпопуларни на Инстаграм на сите времиња.
Били сега е блондинка и многумина забележаа дека потсетува на Блонди, односно познатата пејачка Деби Хари која во времето кога пееше во бендот „Блонди“ имаше слична фризура.
Нејзината фризерка Лиса Рен открива дека трандсформацијата на Били во блондинка бил долготраен и макотрпен процес. Младата пејачка пред неколку месеци најави нова креативна ера.
Пред неколку дена доби две нови Греми награди, а веќе некое време ја очекуваме премиерата на новиот филм за Џејmс Бонд во кoј насловната музичка тема ја пее токму Ајлиш.
Нема коментари