Младата американска пејачка Били Ајлиш ќе ја пее насловната песна за новиот Џејмс Бонд филм No Time to Die и со своите 18 години таа е најмлад изведувач на насловната нумера за познатата филмска франшиза. Таа заедно со нејзиниот брат и главен соработник Финеус е автор на музиката и текстот на песната која засега нема наслов.
-Лудо е да се биде дел од овој филм во секоја смисла, голема чест ми е што сум ангажирана. Џејмс Бонд е најкул франшиза на сите времиња. Сè уште сум во шок – вели Били.
Информацијата ја потврдија продуцентите на Џејмс Бонд филмовите, кои што секогаш придавале посебно значение на насловната песна за сите 007 филмови, тие секогаш се тематски и оригинални, а во серијата ангажирани изведувачи спаѓаат Адел, Дуран Дуран, Алиша Кис, Мадона, Пол Макартни, Сем Смит, Ширли Бејзи…
No Time to Die е последен филм во кој актерот Даниел Крејг се појавува во улогата на тајниот агент 007. Во филмот режиран од страна на Кери Џоџи Фукунага глумат и Рами Малек, Леа Сејду, Лишана Линч, Рејф Фајнс, Наоми Харис, Кристоф Валц и други познати актери. Премиерата е во април годинава.
Нема коментари