Оваа година, божиќното издание на Vogue Paris не избра само една, туку три ѕвезди за својата насловна страница. Британската пејачка Џејн Биркин и нејзините ќерки Шарлот Генсбур и Лу Дојлон позираат во декемвриско-јануарскит бој на модното списание.
Биркин и Дојлон, нејзината ќерка со францускиот режисер Жак Дојлон, носат модели на „Гучи“ на црно-белата фотографија направена од Лахлан Бејли. Биркин беше изненадување на последната ревија на „Гучи“ во септември на која одржа свој музички перформанс. Генсбур, родена од врската на Џејн со францускиот пејач Серж Генсбург, носи креација на Ентони Вакарело за „Сен Лоран“.
Именуван “Noël en famille” („Семеен Божиќ“), овој број на Vogue ветува дека ќе ги открие тајните на трите жени од „Биркинскиот клан“.
-Тие имаат блиски односи со Vogue и списанието постојано ги слави секоја од нив со текот на годините. Затоа Џејн Биркин и нејзините ќерки Шарлот и Лу се нашите специјални божиќни гости. Тие претставуваат силна група ослободени жени чии таленти и привлечност се безгранични, од музиката до киното. Секој од нив ја олицетворува современата женственост во фармерки, смокинг-сако, маици и лелеава коса – напиша Емануел Алт, главната и одговорна уредничка на Vogue Paris во својот во уреднички вовед.
Нема коментари