„Шанел“ деновиве го отвори реновираниот водечки бутик на 57-та улица во Њујорк во кој на повеќе од 400 метри квадратни изложени се креациите на Карл Лагерфелд за оваа модна париска куќа. Бутикот оригинално е отворен во 1996 година, а на новиот изглед на просторот работеше познатиот архитект Питер Марино.
Големо внимание по продавницата привлекува скулптурата на Жан-Мишел Отонел во облик на 18-метарски ѓердан со бисери, инспирирана од иконското парче накит на „Шанел“. Скулптурата е направена од стаклени и метални топчиња кои даваат изглед на бисери, а каскадно паѓа низ петте ката на бутикот.
Нема коментари