Иако фустанот–лебед на Марјан Пејоски што Бјорк своевремено го носеше на доделувањето на Оскари е далеку повеќе познат, има уште една впечатлива креација од соработката меѓу македонскиот дизајнер и харизматичната исландска пејачка што привлекува внимание. Тоа е розовиот фустан од тул со везена апликација и волуминозен долен дел во облик на оригами во кој таа се појави на црвениот килим на Канскиот филмски фестивал во 2000 година. Тогаш Бјорк го промовираше филмот „Танчер во ноќта“, музичка драма на Ларс фон Трир, во кој пејачката глуми покрај Кетрин Денев. Бјорк за улогата во филмот доби пофалби, иако критиките за креацијата се поларизирани, па некои се одушени, други го вметнуваат на листата на најлоши фустани. Еве ја Бјорк во Кан во друштво на Кетрин Денев.
Нема коментари