Една од највлијателните модни блогерки Леандра Медин е новата протагонистка во серијалот на шпанскиот бренд „Манго“ со едиторијали снимени низ целиот свет. Во Journeys Chapter 7 откриваме интересни агли на Њујорк, како школата каде што дипломирала , авторката на блогот Man Repeller: -The New School’s Eugene Lang за слободна уметност, The Mmuseumm -еден од најмалите музеи во светот, бистрото Jack’s Wife Freda и книжарата NcNally Jackson Independent. Тие се омилените катчиња на блогерката, пред кои позира во фотосесијата, а се вклучени и во видеото спецојално симено за кампањата. Во сите кадри таа носи модели од новата колекција на „Манго“, комбинирани и стилизирани во нејзин препознатлив стил. Доминираат долгите капути, сакоата, кошулите и пантаоните инспирирани од машката мода, споени со трендовски модни додатоци, џинс, плетени парчиња и кожени креации.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари