• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Бобан Илиевски најавува нова колекција и отворање на ателје

Од stylist @StylistMKD · На октомври 7, 2014

boban3
Младиот македонски дизајнер Бобан Илиевски, кој стои зад успешниот бренд Chic Undercowear,  најавува нова колекција за есен-зима 2014 и отворање на ателје.
-Во моментов работам на нова линија, која што се надевам дека ќе ја изненади мојата публика, а се подготвувам и за  отворањето на моето ново модно ателје. Токму поради тие причини и решив сезонава да направам пауза од учество на Модниот викенд-Скопје. Колекцијата ќе да ја претставам со соодветен lookbook, некаде при крајот на октомври-ни открива Бобан.
По освојувањето на наградата на Stylist.mk за најдобар млад дизајнер на Моден викенд-Скопје за есен-зима 2013, Илиевски, неодамна доби уште едно признание, овој пат од Интернационалните бугарски модни награди EIRENE 2014. Преку социјалните мрежи беше соопштено дека креаторот е награден за неговиот инвентивен спој на графичкиот со модниот дизајн. EIRENE се годишни награди организирани од Комората  за мода на Бугарија со фонд на награди за учесници  на светско ниво, поделени во неколку сегменти и региони. Илиевски беше еден од номинираните за најдобар дизајнер во регионот Европа, земји вон Европска унија и Русија-категорија во која триумфира неговата колешка од Македонија, Олгица Ѓоргиева. Гласањето се одвиваше преку лајкови на Facebook што според Бобан, „за еден ваков фонд на награди,  не е многу меродавно ниту соодветствува со рангирање на нечиј труд и измината работа“.

boban1

Илиевски ја освои наградата на Stylist.mk за најдобар млад дизајнер на Моден викенд-Скопје за есен-зима 2013

-Неколку месеци подоцна дознав дека сум добитник на специјалната награда за успешна примена на графичкиот дизајн како применета уметност во модни колекции. Морам да признаам дека ми значат вакви признанија. Далеку од тоа дека се пресудни, но  сепак значат и се некаква потврда за сечија работа, особено нашава (модата) која секогаш сум ја гледал подеднакво и како  применета уметност и како бизнис. Во никој случај не треба да е императивот за кој една индивидуа би работела, но одредена сатисфакција дефинитивно постои. Во мојов случај најмногу ме радува што е признание добиено во еден одреден сегмент од моето работење, што ете луѓето го препознале и им се допаднало , без никаква потреба од агитирање на Facebook за лајкови и поени. Секоја чест на моите колеги сонародници што беа во трка за регионалната награда. Недостатокот на било какви награди од модната сфера и творештво кај нас, со исклучок на наградите на Stylist.mk, допринесуваат за потребата да му се „радуваме “ на секое признание однадвор. Наградниот фонд покрива учество и ретроспективна изложба на тамошната моднанедела, за што  сè уште немам договорено детали-вели Илиевски. (А.Н.)

boban 3

Фото: Жарко Чулиќ

Chic UndercowearEIRENE 2014Stylist.mk наградиБобан Илиевскиграфички принтесен-зима 2014Интернационалните бугарски модни награди EIRENE 2014Комората за мода на Бугаријамакедонски дизајнериМоден викенд-Скопјенајдобар млад дизајнернаградиОлгица Ѓоргиева
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 моден монитор

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

  • fwsk моден монитор

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

  • 1 Zhou Jin, jewelry by Chen Zijue 6 моден монитор

    Првиот ден на Моден викенд во знакот на кинеската мода и 3D и AI изложба

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • 1

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

    април 24, 2026
  • 1hmstella

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

    април 17, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics