Пролетната колекција на францускиот бренд „Клое“ е совршена за модерните боемки кои не сакаат да се збогуваат со ретро стиловите – опуштени и лелеави фустани, креации со нежен цветен дезен и модели на чанти кои ќе бидат омилени во модниот свет. Колекцијата е проследена со нова рекламна кампања за пролет-лето 2016 во која учествуваат манекенките Антонина Петковиќ, Селин Були и Ари Вестпал, а снимена е во Аргентина. Дизајнерката на брендот Клер Вејт Келер одлучи да внесе нова енергија и за кампањата за прв пат го ангажираше американскиот фотограф Тео Венер.
Нема коментари