„Шанел“ ја создаде линијата Boy de Chanel, својата прва козметичка линија со шминка наменета за мажи која ќе почне да се продава следната година. Не е новина дека мажите сакаат да се негуваат и дискретно да се нашминкаат, односно да ги покријат неправилностите на лицето и да ги обликуваат веѓите, а големите брендови одамна наменуваат козметика само за нив. Следејќи го тој концепт, „Шанел“ ја претставува линијата Boy de Chanel во која има нијансирана пудра со СПФ 25 во осум нијанси и збогатена со хијалуронска киселина, моливи за веѓи во четири бои и мат балзам за усни. Јужнокорејскиот актер Ли Донг-Вок ќе биде зашитно лице на кампњата која ќе се појави во јануари 2019 година.
„Како што Габриел Шанел позајмуваше елементи од машката мода за жените, така „Шанел“ повлекува инспирација од женскиот свет за да напише нов вокабулар за личната естетика на мажите. Линии, бои, гестикулации, став… Тука не постојат апсолутен женствен и мажествен предуслов, стилот индивидуално ја дефинира личноста која што сакаме да бидеме“, соопштуваат од париската модна куќа за лансирањето на линијата.
Името Boy не е случајно, освен што во превод значи момче, се однесува на и Бој Капел, љубовта на Коко Шанел. Модната куќа има лансирано модел на чанта и унисекс парфем под називот Boy, сега е време и за мејкап колекцијата Boy de Chanel со која се нагласува дека „Убавината не е работа на полот, туку на стилот“.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари