Првата божиќна кампања со Рикардо Тиши како креативен директор на „Барбери“ прикажува празнично славење во кое учествуваат Наоми Кембел и нејзината мајка Валери, актерите Кристин Скот Томас и Мет Смит, пејачката МИА, како и авторката на проектот, уметницата и фотографка Џуно Калипсо. Модното видео на Калипсо ги истражува божиќните традиции и ритуали, а завршува со Наоми и Валери седнати на плишана софа и облечени во „Барбери“ модели направени како резултат на соработката на брендот со Вивиен Вествуд.
Нема коментари