На вчерашното доделување на наградите на Здруженито на актерите – SAG Awards, акцентот беше ставен на наградените филмски и телевизиски актери и на стајлинзите на црвениот килим, но вниманието го украдоа Бред Пит и Џенифер Анистон кои имаа кратка средба во бекстејџот, прва јавна после повеќе од 15 години од нивниот развод. Фотографиите и видеата од средбата веднаш се споделија и појавија во разни публикации, а камерите го документираа моментот кога си честитаат на освоените награди. Пит беше награден за филмот „Беше еднаш во Холивуд“, Анистон за серијата „Утринска емисија“.
Нема коментари