Во ноември минатата година холивудската ѕвезда Бред Пит стана бренд амбасадор на машкиот луксузен бренд „Бриони“, соработката продолжува со два нови момента – Бред е лицето на пролетната кампања, а во текот на годинава ќе биде лансирана ексклузивна линија на „Бриони“ со потпис на овој познат актер и продуцент.
Додека се појави линијата на Бред за „Бриони“, погледнете ја рекламната кампања за пролет 2020 именувана Tailoring Legends, во која ѕвездата позира пред објективот на Микаел Јансен во елегантни креации и совршено скроени костими.
Нема коментари