Актерот Бред Пит сними три различни насловни страници на летното издание на GQ Style заедно со фотографот Рајан Мекгинли. Тој изгледа видно ослабнат на фотосесијата која е прва после разводот од Анџелина Џоли и разделбата во септември минатата година. Фотосесијата е направена во национални паркови во САД, а актерот носи креации на Bottega Veneta, AMI Alexandre Mattiussi и Ermenegildo Zegna. Магазинот засега ги откри само фотографиите од насловните, но најави дека ќе следи големо интервју во кое Бред Пит зборува за разделбата од Анџелина, за љубовта, загубата, татковството и за тоа како да се оди напред откако нештата во животот ќе се распаднат.
1 коментар