Славниот актер Бред Пит на црвениот килим на берлинската премиера на новиот филм Bullet Train прошета во – здолниште
Бред Пит додека во Веропа го промовира својот нов филм Bullet Train демонстрира доста смел и невообичаен стил. Прво во Париз го забележавме во ленен костум во светла пастелна боја, а деновиве во Берлин се појави и во здолниште. Бред привлече внимание со својата модна комбинација облечен во кафено здолниште кое го носи со сако во иста боја и виолетова ленена кошула. Здолништете му ги открива нозете, како и неговите тетоважи.
Нема коментари