Дизајнерката Евгенија Зафировска ја претставува новата колекција заедно со едиторијал Breathe In. Breathe out., инспирирана од страста за копното и морето, со волја за реинтерпретација на концептот на природата на нов иновативен начин.
Колекцијата е фокусирана на рециклирање, одржливост и глобални трендови. Одржливата мода, честопати наречена како еко-мода, е дел од филозофијата на дизајнот и трендот на одржливост, чија цел е да се создаде систем кој ја поддржува заштитата на природата и општествената одговорност.
Изработката со овие принципи значи почитување на клиентите на нов начин и нудење на подлабоко задоволство на производот со квалитетен дизајн, добро вклопување и добар квалитет на изработка.
Колекција Breathe In. Breathe out. на Евгенија Зафировска/ Фото: Katarina Radovic/ Модел: Gea Erjavec
Нема коментари