• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

„Гоблен“ донира модни додатоци за акција на „Анима Мунди“

Од Ана Несторовска · На декември 24, 2014

Goblen
Со цел да даде свој придонес во подобрување на состојбата на уличните мачки, брендот за модни додатоци „Гоблен“ донира накит на Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“. Активистите од оваа добротворна организација од јануари 2015 година планираат секој месец да имаат  барем еден настан на кој ќе се собираат средства за стерилизација на мачки. Во склоп на тоа ќе бидат понудени и производите што ги донира „Гоблен“. Ќе биде направен албум на страната на „Анима Мунди“ на Facebook и секој кој ќе уплати донација од 100 денари на сметка со целна ознака „За стерилизација на мачки“ ќе добие подарок по избор.
„Гоблен“, кој е препознатлив по изработката на раскошен накит со театралност, слики и богат рачен вез, за оваа прилика создаде ѓердани и брошеви.
- Парчињата накит се со графички решенија, зад кои стои Иванка Ниневска, со очи од мачка и куче, испечатени на сатен од кој што се облекуваат копчиња на машина. Брошевите се апликации од тантела, копчиња и бисери на основа круг. За ѓерданите привезоците ги изработивме на ист принцип со печатење на сатен. Задоволна сум од соработка со „Анима Мунди“. Успешни колаборации настануваат секогаш меѓу луѓе со слична енергија. Љубовта е таа која спојува-вели Евгенија Петровска Вангелова, која стои зад брендот,  што за оваа акција изработи и донира 90-тина парчиња модни додатоци.

Goblen3

Активистката на „Анима Мунди“, Ивана Јосимовска, вели дека се свесни дека ова не е најидеалниот начин за продажба кај нас, а во меѓу време ќе се обидат  да обезбедат место во градов каде што ќе може да ги изложат и да постават донаторска кутија, за да бидат подостапни.
-Се работи за нова добротворна програма (гласањето за името е деновиве) во рамките на „Анима Мунди“ која се залага за хумано, одговорно и информирано општество, каде што мачките се внимателно чувани како миленици, а уличните мачиња сетретирани со почит и добрина-вели Ивана.

Goblen2

Едукацијата на населението е едно од клучните фактори применувањето на ситуацијата во општеството. За да дојде до промени потребно е да се вклучат сите. Од „Анима Мунди“ планираат да инспирираат со позитивни примери на граѓани, кои се општествено свесни и кои безрезервно помагаат.
-Тимот на  „Гоблен“ е еден прекрасен пример за тоа. Евгенија нè исконтактира во текот на подготовката на овој проект со желба да помогне на животните донирајќи  дел од своите убави  рачни изработки. Таа одлично се вклопи во целата приказна, изработи потполно нов дизајн на брошеви и ѓердани посебно за оваа намена. Дизајнот е фантастичен и во својата основа содржи слика со око на маче како една варијанта и принт со око на куче, како втора варијанта. Рачната изработка дава посебна убавина, а тоа што се наменети за стерилизација на улични мачиња мислам дека ги прави магични. Тимот на „Гоблен“ има префинето око за детали и секое парче има свој печат и уникатна убавина, дури и пакувањето не е случајност и има одлични рачно изработени кутии за ланчињата, што се приказна сама за себе. „Гоблен“ е од оние приказни што оставаат длабок печат на времето во кое постојат и како секоја уметност имаат дирекно влијание на клутурата. Се надеваме дека ова соработка ќе продолжи и ќе инспирира уште многу други да ни се приклучат, да станат повеќе  свесни за нашето опкружување и останатите живи суштества со кои го делиме овој наш град. Мислам дека е време за промена, наместо да ги уништуваме – да им помогнеме. Нема поголема радост од таа да помогнеш некому, посебно на животните кои немаат никој друг да зборува во нивно име-вели Ивана Јосимовска.
Goblen4

Секој ќе може да добие ѓердан или брош со симболична донација од 100 денари, да има прекрасен моден детал и да знае дека со својата донација спасил живот.
- Сите сретства од овие 90 парчиња кои ги донираше „Гоблен“ ќе бидат наменети за стерилизација/кастрација на мачки, ова е посебно важно за нас затоа што со помош на овие сретства проектот треба да ги направи своите први чекори. Навистина немам зборови за да се заблагодарам доволно на „Гоблен“ како бренд и сиот  труд кој е вложен. Оваа наша соработка е прва, и планот е да не застанеме тука. Со секој купен производ на „Гоблен“ Вие донирате за животните и оставате простор за создавање на нови парчиња. Со секое купено парче Вие веќе сте дел од нашата успешна приказна-вели таа.
Причина зaшто започнале со работа на овој проект е суровоста кон мачките,  со која како активисти на „Анима Мунди“ секојдневно се соочуваат.
-Уличните мачки безмилосно и постојано се трујат, напуштени миленичиња кои никогаш не биле надвор, мали мачиња кои се фрлаат во ќеси додека не се задушат  или фрлени во кутии покрај контењерите, физички злоставувани од деца и возрасни, постојано газени од моторни возила… суровост на која како да и нема крај.  Но она што како општество и граѓани забораваме е дека иако човечката цивилизација и домашната мачка еволуирале еден крај друг, популацијата на улични мачки не е создадена од страна на луѓето. Мачките живеат надвор многу долг период – тие не се нови во средината и не потекнуваат од напуштени домашни миленичиња. Напротив тие таму живеат илјадници години и се дел од природниот  еколошкиот систем. Во Скопје сè уште не постои сатационар што се справува со уличните мачки, што според нас има и позитивни и негативни аспекти. Тие најчесто ја застапуваат програмата за заловување и вдомување, а доколку не се вдомат настапува убивање на мачките. Уличните мачки не секогаш се питоми и компактибилни за вдомување и најчесто завршуваат убиени, а нивното отстранување од територијата прави „Вакум ефект” и населување на нова колонија. Со започнување на програмата ние сакаме да го промовираме „фати -стерилизирај- врати“- системот кој подразбира, заловување, проверка на здравствената состојба и стерилизација/кастрација на мачките и по опоравувањето, нивно повторно враќање на истата локација. Со ова се подобрува здравствената состојба на мачката, се стабилизира бројот на колонијата, тие стануваат подобри соседи заради промената во однесувањето, а воедно рапидно се намалува и бројот на новородени мачиња- вели Јосимовска.

Сметката за донации на Анима Мунди е :

Денарска сметка: 240090002006130,

Депонент: Уни Банка АД – Скопје

брошевиѓерданиГоблендонацијаЕвгенија Петровска Вангеловзаштита на животнитеИвана ЈосимовскаИванка Ниневскамачки„Анима Мунди“
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • lili kadinska моден монитор

    Обучете се за моден стилист преку единствената наставна програма на Лили Кадинска и Le Brand Studio

  • eaa15a39-3358-4418-a9d4-7c56362b20b3 моден монитор

    Оваа пролет кожените чанти ќе ги замени со платнени

  • rosica mrsic моден монитор

    Впечатливи марами во новата линија на модни додатоци на Росица Мршиќ

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (5)

    Македонскиот модел Ивана Манас на ревија на Долче и Габана во Милано

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • roksanda

    Три генерации жени од семејството на Ванеса Редгрејв во видео на Роксанда Илинчиќ

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • lili kadinska

    Обучете се за моден стилист преку единствената наставна програма на Лили Кадинска и Le Brand Studio

    март 5, 2021
  • 10

    Стилска инспирација за овој март

    март 4, 2021
  • eaa15a39-3358-4418-a9d4-7c56362b20b3

    Оваа пролет кожените чанти ќе ги замени со платнени

    март 4, 2021
  • rosica mrsic

    Впечатливи марами во новата линија на модни додатоци на Росица Мршиќ

    март 4, 2021
  • ??????????

    Седум стилски совети за ниски жени

    март 4, 2021

Убавина

  • ECNERIN UreaRepair

    Уреа – ефикасна состојка која се грижи за нега на сувата и груба кожа!

    февруари 24, 2021
  • BeautyFridge

    Кои козметички производи треба да ги чувате во фрижидер

    февруари 11, 2021
  • ana de armas

    Францускиот боб на Ана де Армас најавува еден од трендовите на фризури за 2021

    февруари 3, 2021
  • dior rouge (1)

    Натали Портман во новата кампања за кармините на Dior

    февруари 2, 2021
  • 1 guerlain

    GUERLAIN: Ајде да зборуваме за природна убавина

    јануари 28, 2021

Живот

  • Otvoranje Tehnomarket- Kapitol 03 03 21 (6)

    Техномаркет денес со големи попусти го отвори својот нов продажен салон во Скопје – Капитол Мол

    март 3, 2021
  • oprah_with_royals

    Принцот Хари и Меган Маркл ја отворија душата во интервју со Опра

    март 2, 2021
  • Baked-Feta-Pasta

    ТикТок рецепт: Тестенини со потпечено фета сирење

    февруари 18, 2021
  • maldivi

    Хотелот Waldorf Astoria на Малдиви има најдобра Инстаграм содржина според Forbes

    февруари 17, 2021
  • chloe ting

    ФИТ ФОРМА: Вежби за тенок струк и заоблен задник

    февруари 16, 2021

Култура

  • bistra (2)

    Македонската сликовница „Џиновска продавница за фантазии“ на Бистра Георгиева е достапна на три континенти

    март 3, 2021
  • handmaids tale

    Нов трејлер и конечен датум за четвртата сезона на Handmaid’s Tale

    март 1, 2021
  • bienale

    МСУ со отворен повик за престојното 13. Биенале на млади уметници

    март 1, 2021
  • vanity fair (1)

    Светот на фантазијата во холивудското издание на Vanity Fair

    февруари 24, 2021
  • daft punk

    Крај на една музичка ера – Дуото „Дафт Панк“ најави разделба преку видео

    февруари 23, 2021

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics