За прв пат во историјата шпански, комерцијален бренд е дел од најпознатиот моден настан во Њујорк, Мет Гала, преку специјалната креација за бренд амбасадорот Софија Санчез де Бетак. Арт директорката и моден консултант беше присутна на настанот чија домаќинка е легендарната Ана Винтур, заедно со Лејди Гага и Хери Стајлс, како и Серена Вилијамс и креативниот директор на Gucci, Алесандро Микеле.
Овогодинешната тема на настанот беше таканаречената кемп мода, а креацијата на MANGO беше изработена токму во тој правец, да ја долови екстраваганцијата и специфичноста на овој правец во модата. Впечатлива естетика со бои инспирирани од мангото како овошје и дополнети со комплексни материјали, волумен, детали кај модните додатоци и театралност.
Финалната форма на дизајнот е направена како соработка на стилистката Мими Катрел, Софија Санчез де Бетак и дизајн тимот на MANGO. „Oва е многу значаен момент за МANGO. Проектите од ваков тип служат како инспирација за нашите купувачи, ја прикажуваат поинаквата страна на нашиот бренд и презентираат нови искуств“, вели Жан Ривера, имиџ директорот на MANGO.
Освен лимитираната едиција на моделот кој го носи де Бетак на црвениот тепих брендот лансира и капсулна колекција инспирирана од темата на Мет Гала.
Софија Санчез де Бетак соработува со брендот повеќе од 2 години. Родена во Аргентина, таа е претприемач, арт директор, моден консултант и дизајнер. Нејзината страст кон патувањето, нејзината убавина и стил, кој е еклектичен и уникатен, ја прават вистинска модна икона.
Нема коментари