Новиот омилен француски бренд се вика Sézane, се продава само онлајн и ги има најпосакуваните џемпери кои го откриваат грбот. Брендот нуди своја интерпретација на парискиот стил и многу брзо успеа да создаде широк круг на обожаватели. Некои од моделите кои привлекоа внимание се нивните џемпери, особено популарни се модели Lena и Felix, додека за џемперот Barry веќе има листа од 30.000 кои чекаат да го добијат. Лансиран во септември, неколку пати веќе е распродаден, а сега е повторно на листа на чекање. Едноставен и со релаксиран крој, овој џемпер со V изрез може да се носи со копчињата напред, но на трендесетерките им се доаѓа кога тие се назад и се отркива грбот. Дел од моделите на Sézane може да се носат на два начина, а токму откривањето на грбот е една од привлечните страни на креациите.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари