Модниот бренд „Барбери“ пострира фотографија на јајце со иницијалите на дизајнерот Рикардо Тиши и неговите среќни броеви, како реакција на јајцето што стана популарно на Инстаграм. Деновиве, главна приказана беше една обична фотографија на едно обично јајце постирано на 4 јануари на Инстаграм профилот World Record Egg, кое стана најпопуларен пост на оваа дигитална платформа со скоро 45 милиони лајкови (засега). Сите светски медиуми ја пренесоа веста на јајцето, а ова е реакција на Тиши и „Барбери“.
Постот со јајцето беше поставен со идеја да се сруши претходниот рекорд што го држеше Кајли Џенер за фотографија на нејзиното бебе (18 милиони), како осуда на целата „селебрити“ и „ријалити“ култура и површноста на најпопуларните личности на денешницата. Во добата кога Кардашијан/Џенер кланот и ним слични ликови кои се познати без покритие се примери на следните генерации, извесна Хенриета од Лондон на профилот World Record Egg како да се обиде да направи социјален експеримент. Објави стандардна фотографија на јајце со повик да се постави нов светски рекорд и да се претрка Кајли Џенер. Во првите денови немало голема реакција, но после тоа се случила навала на лајкови.
Нема коментари