Нова ера во модната куќа „Барбери“ почна со доаѓањето на Рикарди Тиши како креативен директор. Тој воведе неколку трансформации, го смени логото на брендот, во септември минатата година ја претстави деби колекцијата со потпис на „Барбери“, а еве ја и првата кампања снимена дури со шест фотографи – Ник Најт, Данко Стајнер, Хуго Комте, Колин Догсон, Питер Лангер и Лети Шмитерлоу.
Секој од нив доби задача со својот објектив да ја пренесе својата визија за „Барбери“. Како модели се појавуваат Наталија Водјанова, Стела Тенант, Ирина Шајк, Риен Ван Ромпај и други, кои позираат во креациите за пролет-лето 2019. Шесте фотографии имаат различна енергија, искуство и поглед на светот, и со тоа различна интерпретација на новата ера во „Барбери“ и на мултигенерациските мажи и жени на кои брендот им се обраќа.
„Она што најмногу ме возбудува кај „Барбери“ е тоа колку е инклузивен – им се допаѓа на сите, без оглед на возраста, социјалната положба, нивната раса, полот. Кога размислував за мојата прва кампања за брендот, знаев дека сакам да работам со повеќе соработници за да ја објаснам ширината на тоа што оваа неверојатна куќа со огромно наследство им претставува на толку многу различни луѓе – од милениумците до оние позрелите, на Британците и на сите други“, објаснува Тиши.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари